This site uses cookies. Read our policy. ×

Информации за жалителите

Постапка пред ЕСЧП

Во зависност од природата на предметот, жалбите се доделуваат на една од судските формации, поточно:

  • судија-поединец
  • комитет
  • или Судски совет

Постапување по предметите поднесени пред Судот

Мојата жалба до Судот (Верзија на англиски јазик)

Фаза на постапката

Пребарувачот SOP (State of Proceedings/Etat de la Procedure/Фаза на постапката) му овозможува секому да дознае во која фаза на постапката се наоѓа одредена жалба.

Пребарувај

Постапка после комуникација

Комуникација е известување на тужената Влада за жалбата.

Понатамошната постапка може да се одвива низ две последователни постапки. Во текот на претходната постапка (non-contentiоus phase), страните се поканети во рок од 12 недели да ги испитаат можностите за пријателско спогодување. Потоа, доколку страните не успеат да се спогодат, следува главната постапка (contentiоus phase), во текот на која страните ги разменуваат нивните опсервации.

Постапка после комуникација на жалба - претходна постапка
Постапка после комуникација на жалба - главна постапка

Кога не е соодветно да се подели постапката, можноста за пријателско спогодување и размената на опсервациите се одвиваат истовремено во една постапка.

Постапка после комуникација на жалба - една постапка

Видео за претходната постапка

 

Видео за претходната постапка (non-contentiоus phase)

(достапно единствено на англиски јазик)

eComms - Електронска комуникација со Судот

EComms е алатка која им овозможува на застапниците на жалителите да разменуваат информации со Судот по електронски пат. Методот на примање и испраќање документи по електронски пат може да биде воспоставен на иницијатива на Судот, единствено во фазата на комуникација на предмет, поточно откако предметот ќе биде комунициран до Владата.

eComms
Видео