This site uses cookies. Read our policy. ×

Information in Macedonian

Како да поднесете полноважна жалба до Судот

Доколку одлучите да поднесете жалба до Судот, Ве молиме внимавајте на тоа Вашата жалба да ги исполнува условите пропишани со Правилото 47 од Деловникот на Судот во коe се наведени информациите и документите што мора да бидат доставени.

Ако не ги доставите сите информации и документи наведени во Правилото 47 §§ 1 и 2, Вашите жалбени наводи нема бидат разгледани од страна на Судот. Сите полиња на образецот за поднесување жалба мора да бидaт пополнети.

Правило 47

Поведување постапка (верзија на англиски јазик)

Секоја полноважна жалба ќе биде разгледана од страна на Судот; ова не значи дека жалбата ќе биде прогласена за допуштена.

Заштита на податоци (верзија на англиски јазик)

Container01

Како да се обратите до Судот

Обрасци

Oбразецот за поднесување жалба треба да го преземете од интернет страницата на Судот, да го пополните, да го испечатите и да го испратите до Судот по пошта заедно со сите неопходни документи. Не треба да користите други обрасци за поднесување жалба. Прочитајте ги документите што се наведени подолу за повеќе информации за тоа како правилно да го пополните образецот за поднесување жалба. Обрасци

Постапка пред ЕСЧП

Информација и документи за лица кои имаат жалба пред ЕСЧП

Информации

Фаза на постапката

Пребарувачот SOP (State of Proceedings/Etat de la Procedure/Фаза на постапката) му овозможува секому да дознае во која фаза на постапката се наоѓа одредена жалба.

Пребарувај

Корисни документи

Прашања и Одговори

Документот Прашања и одговори содржи информации за идните жалители.

 

Прашања и oдговори

Вашата жалба до Европскиот суд за човекови права

Оваа брошура во која се опишани различните фази од постапката во која Судот ја разгледува жалбата има за цел да даде одговор на најважните прашања што жалителите би можеле да ги постават особено откако ќе ја испратат жалбата до Судот.

Вашата жалба до Судот - Како да поднесете жалба до Судот и како ќе биде постапувано по истата 

Водич за критериумите на допуштеност

Практичниот водич на критериумите за допуштеност им е наменет пред сѐ на адвокатите коишто сакаат да поднесат жалба до Судот. Во него се опишани критериумите за допуштеност што мора да ги исполнува секоја жалба.

 

Водич за критериумите на допуштеност

Дијаграм – Постапување по предметите

Во овој дијаграм е прикажан прогресот на предмет пред Судот согласно судиската формација.

Поедноставена шема за начинот на кој Судот постапува по предметите

Видео за тоа како се поднесува жалба до Судот

Во овој видео спот е објаснет начинот на кој мора да се пополни образецот за поднесување жалба за истата да биде разгледана од страна на Судот. Ве молиме имавјте предвид дека иако овој видео спот коректно ги одразува клучните точки во однос на начинот на поднесувањето жалба, некои информации треба да бидат ажурирани согласно најновите документи.

Видео 'Како да поднесете полноважна жалба до Судот' (верзија на англиски јазик)

Упатство за пополнување на образецот

Видео за критериумите на допуштеност

Admissibility - MKD

Во ова видео се претставени најважните критериуми на допуштеност коишто мора да бидат исполнети за да се поднесе жалба до Судот.

Видео за критериумите на допуштеност

Филм за Европскиот суд за човекови права

Овој филм е наменет за широката јавност и го појаснува начинот на кој работи Судот, ги опишува предизвиците со кои тој се соочува и го покажува опфатот на неговото делување преку примери од судската пракса.

Видео

Времени мерки

Во што се состојат времените мерки?

Откако ќе добие одредена жалба Судот може да побара од засегнатата држава да преземе одредени времени мерки, додека Судот да ја разгледа жалбата. Најчесто Судот бара од државата да се воздржи од спроведувањето на одредени мерки, на пример да не испорача одредено лице во земја во којашто тоа лице наводно би било изложено на смрт или тортура.

Барања за времени мерки (Практично упатство)

Општа презентација

Практични информации

Судот изрекува времени мерки единствено во јасно дефинирани услови, поточно тогаш кога постои ризик да дојде до сериозна повреда на Конвенцијата. Голем дел од барањата за времени мерки се несоодветни па следствено се одбиваат.